Поради обилно крварење во текот на месечниот циклус 15 – годишно девојче од ромско потекло починало во болницата „Свети Иван Рилски“- Бугарија.
За случајот веднаш е формирана 4 члена судско – медицинска екипа која ќе ги истражува причините што ја предизвикале смртта, затоа што постои сомневање дека таа е последица на незнаење или непрофесионално исполнување на обврските, соопшти портпаролот на великотрновскато обвинитество Румјана Ирманова.
15-годишната пациентка имала обилно крварење 12 дена, но по лекарскиот преглед нејзините родители одбиле таа да добие содветно лекување во болница затоа што била девица и ја вратиле дома.
Откако состојбата на девојчето нагло се влошила тие повикале итна помош. Уште при транспортот на девојчето лекарите веднаш започнале со трансфузијата на крв.
Откако осмооделенката ја донеле во болницата, родителите се уште не дозволувале да и биде извршена операција. Потоа се согласиле, но и покрај напорите на тимот, пациентката не ја преживеала операцијата.
Лекарите вината ја бараат кај родителите, кои премногу долго не побарале соодветна терапија за обилното крварење.
Подрачната здравствена инспекција во Велико Трново започна истрага.