Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Каиро ја потврди поддршката за демократските процеси во Египет.
Клинтон денеска ја почна дводневната посета на Египет со средбата со претседателот Мухамед Морси.
– Дојдов во Каиро за да ја потврдам поддршката за САД за египетскиот народ и за демократските процеси. Демократијата е нешто тешко и бара дијалог и компромис, истакна Клинтон на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Камел Амр.