Речиси една десетина од продадените автомобили во Франција во 2021 година биле електрични

Од:

Францускиот автомобилски пазар остана во 2021 година на историски ниското ниво од 2020 година, со 1,66 милиони продадени автомобили. Притоа скоро една десетина од продадените автомобили во Франција во 2021 година биле електрични.

Погоден од здравствената криза, забавен од недостигот на електронски чипови, францускиот автомобилски пазар остана во 2021 година на историски ниското ниво од 2020 година, со 1,66 милиони продадени автомобили (плус 0,5 отсто во споредба со 2020 година).

Производителите не се еднакви пред кризата: Пежо првпат е на прво место во продажба пред Рено, со удел на пазарот со 17,2 проценти, благодарение на Пежо 208.

Електричните возила достигнаадо удел на пазарот со 9,8 отсто, при што Тесла Модел 3 е најпродаван автомобил, првпат пред Рено Зое.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано