На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 43 санкции, 10 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додадоа дека изречени се 15 мерки за непрописно престигнување и обиколување, 10 за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, четири мерки за нерегистрирани возила.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.