СДСМ: Арсовска крати средства за еколошки мерки и проекти, буџетот за 2022 е неразвоен

Од:

„Чиста лага се ветувањата на Данела Арсовска дека ќе вложува во животната средина и ќе се бори против аерозагадувањето. Буџетот за 2022 на Град Скопје покажува дека Арсовска наместо да ги зголеми, дополнително ги намалува средствата за еколошки проекти и мерки“, соопшти СДСМ.

„За 10 отсто се намалени средствата за подигнување ново зеленило, паркови и дрвореди за следната година, а исто така ќе бидат набавени 33 отсто помалку садници во споредба со 2021 година.

Во буџетот за 2022 година не се предвидени ниту средства за изведба и проектирање на новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир, што Арсовска ги ветуваше пред изборите.

Со ваквото кратење на буџетски пари и неисполнување на дадени ветувања, Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина.

Жителите на Скопје не заслужуваат ваков третман. Наместо да работи за интересите на градот, таа стопира проекти, врши груба партизација.

Тоа е крајно нечесно, лицемерно и неодговорно однесување кон Градот и кон скопјани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата