СДСМ: Левица и Апасиев по стапките на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, напаѓаат и дисквалификуваат граѓански организации, прекинуваат важни проекти

Од:

„Прекинувањето на соработката на Општина Карпош со граѓанска организација, нападите и дисквалификациите кон невладините организации од лидерот и членовите на партијата Левица, само покажува дека оваа партија не е ништо друго освен приврзок на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, Левица предводена од Димитар Апасиев се однесува исто како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а претходно од Никола Груевски“, соопшти СДСМ.

„Наместо да поддржат проекти кои им помагаат на ранливите категории граѓани, како оној на Општина Карпош и невладината организација ХЕРА, Левица заради исполнување на хировите на Апасиев исклучува граѓански организации од соработка и прекинува проекти во интерес на граѓаните.

Тоа не само што е удар врз демократијата и отвореноста на инситуциите, потсетува на некои минати времиња кога режимот вршеше хајка кон граѓански организации кои укажуваа на неправилности во работењето на институциите.

Лага е ставот на советничката во Советот на општина Карпош дека за конкретниот проект се трошеле пари од општинскиот Буџет.

Како што информираа од невладината организација, ХЕРА не била корисник на финансиски средства од Општината Карпош за каква било активност или проект.

Откако влезе во советите, Левица секојдневно покажува дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, се однесува нечесно и неодговорно, работи на штета на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он