Над половина Израелци би поддржале евентуален мировен договор со Палестинците

Од:

Повеќе од половина од Израелците се подготвени да поддржат мировен договор со Палестинците, ако биде организиран референдум за тоа прашање, покажуваат резултатите од едно истражување на јавното мислење.

Според анкетата на Институтот „Дијалог“, 55 проценти од Израелците на референдум би поддржале евентуален мировен договор со Палестинците, околу 25 отсто би биле противе, а 20 проценти рекле дека се уште не знаат како би гласале.

Минатиот петок американскиот државен секретар Џон Кери, кој беше во посета на Блискиот Исток, објави дека има принципиелен договор за обновување на мировните преговори замрзнати пред три години.

Во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанујаху најави дека има намера да го стави на референдум секој мировен договор постигнат со Палестинците.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег