Филипче: Во 2022 година 5% зголемување на платите на сите вработени во здравство

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници, на кој се потпиша анекс на колективниот договор, според кој, во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за пет отсто за сите вработени во здравството. Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите четири години, како што се посочува, оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал.

– Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри меѓу 20 отсто и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 отсто. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница