ВИДЕО: Синот и обезбедувањето го чекаат Мијалков пред затворот во Шутка

Од:

Еден од синовите на Сашо Мијалков, заедно со обезбедувањето го чекаат ексдиректорот на УБК, да излезе од затворот “Скопје” во Шутка. Тие се паркирани спроти затворот, со три автомобили. Сите заедно повеќе од половина час се пред затворот. Сашо Мијалков треба да биде ослободен вечерва. Пред затворот има и медиуми.

Инаку, Сашо Мијалков сепак излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“. Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или пак некои од членовите барале место нив да одлучи нивната замена. Сега, затворот „Скопје“ во Шутка треба да ја добие одлуката, по што, веќе вечерва Мијалков треба да биде дома. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор