Приведен криминалец за доиздржување на казна затвор од над пет и пол години

Од:

Приведен е криминалец за доиздржување на казна затвор од над пет и пол години, информираат од МВР.

„На 29.12.2021 во 11.00 часот, по преземени опсежни мерки и активности во подолг временски период, Оперативен тим потраги, во соодејство со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во куќа во изградба на подрачјето на Арачиново го лишија од слобода О.М.(36) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани две Централни потерници.

Имено, по наредба од Казнено-поправна установа Идризово, Скопје, тој се барал за доиздржување на затворска казна од 3 години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно 6 години затвор. Според наредба од Основен суд Скопје 1 истиот е осуден на 2 години и 6 месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик. Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно 5 години, 6 месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од 8 години и 6 месеци на која е осуден“, се наведува во соопштеинето на МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР