Царинската управа заплени 139 килограми марихуана на ГП Дојран

Од:

Во текот на вчерашниот ден на ГП Дојран при вршење на детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава, мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана, информира Царинската управа.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон, се додава во соопштението на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски