Најдобрата хрватска атлетичарка Бланка Влашиќ заради повреда ќе ги пропушти претстојните Олимписки игри во Лондон.
Влашиќ имаше проблеми со повреда на скочниот зглоб и ахиловата тетива.
„Ја одложував мојата одлука да го откажам Лондон надевајќи се на чудо. Сега е извесно дека мојот настап на Олимписките игри не е реален. Состојбата со мојот скочен зглоб и ахиловата тетива е се подобра, но тренинзите се сè покомплексни. Време е она што ми недостасува“, напиша Бланка на својата интернет страна.
Хрватската атлетичарка на ОИ во Пекинг освои сребро во скок во височина, а планира да учествува на Олимписките игри во Бразил 2016. година.