Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 116 возачи.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени санкции, четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека аасилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.