За недавање предност на пешаци на територија на СВР Тетово денеска изречени 14 казни

Од:

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот денеска полициски службеници на СВР Тетово на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат предност на пешаците, во која вкупно биле преземени 14 мерки (ТЕ-10 и ГВ-4).

Најголемиот број од мерките -11 (ТЕ-7 и ГВ-4), информираа денеска од МВР, се однесувале на непропуштање пешаци на пешачки премин, по што на сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок изнесуваат 250 евра во денарска противвредност, како и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

При контролата, исто така, биле откриени и адекватно санкционирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-6).

Би можело да ве интересира

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје