Државниот завод за ревизија до Собранието ја достави Годишната програма за работа

Од:

Државниот завод за ревизија (ДЗР), согласно Законот за државната ревизија денеска до Собранието на Република Северна Македонија ја достави Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година.

Оттаму информираат дека за 2022 година планира да изврши вкупно 183 ревизии од кои 166 ревизии на регуларност, 12 ревизии на успешност и 5 ревизии на усогласеност. Од вкупно планираните ревизии, 45 ревизии се однесуваат на субјекти и теми за ревизии согласно Законот за државната ревизија, а 138 ревизии се однесуваат на субјектите кои учествуваа во Локалните избори 2021 година.

– Заклучно со денот на изготвување на Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, пристигнати се вкупно 38 барања за вршење на ревизија, од кои најголем дел се барања доставени од граѓани или 47 отсто и барања од страна на единици на локална самоуправа (ЕЛС) или 21 отсто. Од вкупно пристигнатите барања за вршење на ревизија, Државниот завод за ревизија прифати 15 барања за вршење на ревизија, односно високи 39 отсто од вкупно пристигнатите барања за вршење на ревизија, велат од ДЗР.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Објекти вредни еден денар, непотполнети работни места, јавни набавки без тендер во Министерството за дигитална трансформација

Катерина Ѓуровски