Државната комисија за спречување на корупцијата согласно планот за проверка на имотната состојба во 2022 година ќе ги проверува податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четворица раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство.
Првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и 10 директри на јавни претпријатија.
Составен дел на планот, информира претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е и акциски план за проверка на имтоната состојба и судир на интереси од областа на правосусдтвото, локалната самоуправа и органите на извршната власт.
Според Ивановска, овие области се оценети во последните години како ризични во однос на перцепцијата на граѓаните во разни анкети или нивни искуства за коруптивните дејствија.