Во конзулатот во Минхен процедурата за вадење пасоши скратена од шест месеци на три недели

Од:

Во генералниот конзулат на Македонија во Минхен успешно функционира базната станица за издавање патни исправи и таму досега аплицирале 470 наши државјани, 380 патни исправи се изготвени и доставени до генералниот конзулат, а 252 веќе се подигнати, информира Министерството за надворешни работи.

„Нашите граѓани ја поздравуваат оваа одлука и многу се благодарни и презадоволни што процедурата за добивање нова патна исправа не трае 6-9 месеци, туку 3-4 недели“, вели генералниот конзулот Реџеп Демири.

Освен во Минхен, базните станици успешно функционираат и во Чикаго, Њу Џерси, Бон, Берлин, Берн, Љубљана, Виена и Лондон, како и мобилните станици во Стокхолм, Брисел, Мелбурн, Торонто и Венеција.

Би можело да ве интересира

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

Октоберфест е затворен од полицијата

Експлозии и пукање во Минхен, пронајдени се неколку жртви

Горан Наумовски

Хорор во Минхен: Жена избоде неколку луѓе, полицијата ја застрела

Предраг Петровиќ

Авганистанецот призна дека намерно удри во толпата во Минхен

Шок во Минхен поради говорот на американскиот потпретседател