Бројката на луќе кои добиле погрешни резултати на тестирањето за корона во Австралија се зголеми на 886. На Божик овие луќе биле информирани дека се нагетивни, а всуѓност имале постивни тестови.
Пропустот, што се случил за време на Божик, како што велат од лабораторијата, бил поради грешка во обработката на податоците.
Некои од тестираните се загрижени дека можеби несвесно ги заразиле своите најблиски за време на божиќните празници.
Лабораторијата SydPath се извини, велејќи дека грешката, која погодила вкупно 886 луѓе, се случила затоа што работниците се соочиле со „невиден“ број тестови.
Прво 400 луѓе добиле информација дека не се заразени, а потоа следниот ден биле известени дека е направена грешка.