Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи е прогласен за најдобар одбранбен фудбалер во 2021 година од страна на „Globe Soccer Awards“.
За оваа награда беа номинирани и Џорџо Киелини (Јувентус), Александар-Арнолд Трент (Ливерпул), Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер сити) и Антонио Рудигер (Челзи).
Во 2021 година, 34-годишниот дефанзивец го освои Европското првенство со репрезентацијата на Италија.