Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон

Од:

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон.

Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат 524 лица, од кои 55 на интензивна нега.

Новите мерки во таа австралиска држава стапија на сила денеска, вклучувајќи ограничувања за едно лице на два метри квадратни во баровите и рестораните и задолжителна проверка на вакцинираните лица и нивните кодови во угостителскиот сектор.

Државата Викторија денеска пријави 1.999 новозаразени и три смртни случаи. Шефот на штабот за Ковид во таа држава воведе случајно геномско тестирање за сојот Омикрон со цел подобро да се разбере ширењето на инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Скандалот во Австралија се шири: Повеќе од 800 луѓе добиле погрешни резултати од тест за корона