Во вчерашниот самоубиствен напад извршен врз ресторан во центарот на Бени, загинаа најмалку седум луѓе, соопштија властите на Демократска Република Конго.
– Ресторанот беше полн со луѓе, кои прославуваа Божик, а меѓу жртвите се и најмалку две деца. Истрагата е во тек како би се пронашле сторителите на овој терористички напад, изјави градоначалникот на Бени, Нариса Мутеба Кашале.
Бени долго време беше на мета на муслиманските бунтовници од Уганда – Сојузнички демократски сили (АДФ), кои се борат од 1995 година. Во јуни годинава Бени двапати беше цел на напади, за кои одговорност презеде огранокот на Исламска држава. Во нападот врз католичка црква повредени беа две лица, додека во нападот врз кафуле загина бомбашот-самоубиец.