Министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач со Советот за општи работи на Европската унија, Линас Линкевичиус, со изјава од Брисел го демантира амбасадорот на оваа земја задолжен за Македонија, Ренатас Јушка, дека проширувањето на ЕУ не е приоритет за време на Литванското претседателство со Унјиата.
Во изјава за дописникот на МИА од Брисел, Линкевичиус оп Десеттиот состанoк на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, потврди дека проширувањето е приоритет на оваа поранешна советска република, додека претседаваат со Советот на ЕУ.
– Само што имавме состанок на Советот за стабилизација и асоцијација и можам да кажам дека имавме многу добар и важен состанок и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Имав можност претходно да разговарам и со премиерот Груевски, со кого имав многу плодотворна и отворена дискусија. Ќе повторам дека ние размислуваме на процесот на проширување како дел од приоритетите на Литванското претседателство со Европската унија, потенцира Линкевичиус.
Според шефот на литванската дипломатија, неговата земја издвоила три приоритети за време на претседавањето со Унијата, а тоа се: кредибилна, растечка и отворена Европа.