Во зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, синоќа во периодот од 20.00 до 02.00 часот санкционирани се 193 возачи. Од нив, 63 на територијата на СВР Скопје, 27 на територијата на СВР Битола, 17 на територија на СВР Штип…
–Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, најавуваат од МВР.