СДСМ: Арсовска демантирана од Европската банка, БРТ е издржан и еколошки проект

Од:

„Градоначалничката Данела Арсовска два месеци од мандатот освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани нема намера ништо да сработи. Европската банка за обнова и развој која ги одобри средствата за финансирање на Бас рапид транзит систем ги демантираше нејзините лаги со кои сака да го оправда стопирањето на проектот“, соопшти СДСМ.

„Од ЕБОР истакнуваат дека сите проекти вклучително и БРТ системот подлежат на детални проверки пред да бидат одобрени.

Бас рапид транзит проектот е разгледан од Европската банка за обнова и развој, а оценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, или на граница помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката.

Со стопирање на овој проект заради лични хирови, Арсовска нанесува штета на градот и на скопјани и директно го поткопува меѓународниот углед на Град Скопје.

Време е Арсовска да почне да работи наместо да врши груба партизација на јавните институции, да ги продолжи проектите оставени од Петре Шилегов, а кои се во насока на забрзан развој и напредок на градот.

Арсовска не ја доби довербата од граѓаните да поништува проекти и да нанесува штета туку да ги решава проблемите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата