Скопјанец осомничен за илегална трговија со хероин

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 24 декември, на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, неовластено заради продажба држел кај себе вкупно 4.461,6 грама наркотична дрога – хероин, спакувана во девет правоаголни пакувања. Дрогата била пронајдена при личен преглед, во ранецот на осомничениот и веднаш е одземена, наведуваат од ЈОРМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје