Рединг ги повика бугарските политичари да престанат да се караат

Од:

Комесарката за правда на Европската унија, Вивиен Рединг, денеска ги повика бугарските политичари да престанат да се караат и да ја завршат  политичката криза што ја зафати земјата по 40-дневните протести.


-Престанете со политичките кавги! Ова е пораката што ја испраќам до двете големи политички партии, рече Рединг пред новинарите, по жолчната двочасовна дебата во Софија.


“Кога земјата е во неволја, а се чини дека во оваа земја постојат проблеми што треба да се решат, политичките партии треба да заборават на своите несогласувања“, нагласи таа.


Рединг додаде дека партиите мораат да „седнат заедно и да ги исполнат своите обврски да ги решаваат проблемите, а не да создаваат дополнителни, пренесе  Танјуг.


Илјадници Бугари од 14 јуни секоја вечер излегуваат на улиците во знак на протест заради корупцијата и сиромаштијата, повикувајќи ја владата на премиерот Пламен Орешарски, предводена од социјалистите, да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?