При спроведена акциска контрола на територија на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден санкционира 131 возач, од кои 22 казни за брзо возење.
Како што информираат од МВР, од останатите санкции, 13 мерки се за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на црвено светло, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 40 за непрописно паркирање.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.