Издадена наредба за зајакнување на безбедносните мерки на турско-сириската граница

Од:

Генералштабот на турската армија издаде наредба за зајакнување на безбедносните мерки на границата со Сирија.


Во денешното соопштение на Генералштабот се наведува дека овие мерки се преземаат поради неопходноста од „спречување на заканата која доаѓа од другата страна на границата“. Во документот пишува дека турските воени единици возвраќаат на нападите од сириска страна, во кои има човечки жртви и материјални штети. 


Поради жестоките борби во Сирија во близина на границата со Турција, турски авиони-ловци Ф-16 вршат постојани разузнавачки летови во пограничните реони. На пилотите и операторите им е дозволено „да возвратат во случај на напад“, пишува весникот „Милиет“.


Според весникот, Анкара стравува поради повеќедневните жестоки борби на сириските територии, кои граничат со Турција, меѓу вооружени групи на сириските Курди и исламисти поврзани со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија