Ѓукановиќ е позитивен на коронавирус

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е позитивен на коронавирусот, откако, како што претходно беше соопштено, имал контакт со лице позитивно на Ковид-19.

„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Согласно епидемиолошките мерки се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски“, соопштија синоќа од кабинетот на Ѓукановиќ. Тој вчера ги откажа сите службени обврски, а во јавните настапи ги почитуваше мерките за сузбивање на коронавирусот, носеше маска и држеше на дистанца. Како што претходно беше соопштено од Кабинетот, Ѓукановиќ е вакциниран против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Истрага „Пандора пејперс“: Интерпол ги бара парите на Ѓукановиќ

Горан Наумовски

Ѓукановиќ после 25 години поднесе оставка во ДПС

Горан Наумовски

ДПС го предложи Мило Ѓукановиќ за претседателски кандидат на претстојните претседателски избори

Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ веќе да не е претседател на Црна Гора

Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора

Ѓукановиќ: Подготвен сум да повлечам од политичкиот живот

Горан Наумовски