Бомбаш-самоубиец е ликвидиран пред влезот на Канцеларијата за издавање на пасоши во Кабул, при што неколку луѓе се повредени, соопштија авганистанските власти.
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека напаѓачот бил застрелан при обид да влезе во Канцеларијата за издавање на пасоши.
Изминатите денови голем број Авганистанци се обидуваат да извадат пасоши, откако претходните недели беше суспендирана услугата.