„Чија безбедност е загрозена и по чија оценка?“, Дуковски дециден дека незаконски е одбиено барањето на „А1он“ за интервју со Боки 13

Од:

Незаконска е одлуката на Управата за санкции да не дозволи видео-интервју на Бојан Јовановски – Боки 13 за „А1он“, смета неговиот адвокат, Сашко Дуковски. Прашан како гледа на одлуката да се искористи единствениот член во Законот за извршување санкции за да не се дозволи Јовановски да даде свое излагање пред „А1он“, притоа без никакво образложение, Дуковски вели: „Како на татко му имањето (имотот) да е на тој Маријан, како би гледал? Не може тој да измислува незаконски безбедносни причини. Малку барем покреативен да бил“. До овој момент, и по една недела, Управата за санкции не достави објаснување чија безбедност е загрозена и што стои во безбедносната проценка според која одлучиле да забранат интервју, кое Јовановски се согласи да го даде.

„Тотално незаконски е тоа. На каква безбедност тој мисли? Настрана од тоа што меша баби и жаби. Прво не разбрав чија безбедност се загрозува? И од кого од Вас спрема Бојан или од Бојан спрема Вас? Или втората работа не разбирам, влијанието на ‘Меѓународен сојуз’, тој дел воопшто не го разбирам. Бојан нема забрана за комуникација. Затоа не разбирам во што се состои загрозувањето на безбедноста“, посочи Дуковски.

За одлуката на Јовановски да не му се дозволи видео-интервју, информиран е и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Дуковски вели: Управата за санкции се под Министерство за правда, но никогаш до сега имам слушнато да го известуваат министерот“.

„Во немање на реални причини, ова е покажување на мускули и повикување на тотално нерелевантно образложение, безбедност. Чија безбедност, каква безбедност? Па потоа не даваме поради тоа што се води друг предмет. Тој треба да прави разлика. Малку нека чита Закон за извршување за санкции. Ова е авторитарност, во смисла, да видиш кој е газда овде. Седеле, многу, многу мислеле една недела и нашле решение, безбедноста била загрозена. По чија оценка, каква оценка, за какво кривично дело е осуден па безбедноста? Ако безбедноста му е загрозена, што мешаат дека има друг предмет? Нека се определат зошто не даваат, дали поради безбедност или поради друг предмет. Секако е незаконски“, вели Дуковски.

Инаку, Бојан Јовановски-Боки 13 прифаќа, но Управата за извршување санкции не дозволува тој да даде интервју со сите детали за случајот „Рекет“ и за обвинувањата кои ги пласираше во јавност. По една недела разгледување, одбиено е барањето на „А1он“. Образложението е дека не се дозволува од безбедносни причини. На прашањето кои се тие, директорот на Управата за санкции, Марјан Спасовски даде само една причина – влијание врз предметот „Меѓународен сојуз“, а откако побаравме да ни се посочат и другите, вработена во Управата, без да се претстави нѐ информираше дека тие не биле должни да го направат тоа.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески