Премиерот на Србија и лидерот на Социјалистичката партија, Ивица Дачиќ денес нагласи дека цела им е до крајот на месецот на изберат нови министри и дека што се однесува до неговата партија, нема пречки за реконструкција на владата.
Дачиќ потсети дека на 26-ти јули ќе се одржи седница на Главниот одбор на СНС и дека лидерите на владеачките партии ќе ги продолжат разговорите со цел до крајот на месецот да се одржи седница на која ќе се изберат нови министри и тие да положат заклетва.
Како што пренесуваат медиумите тој додал дека треба отворено да се разговара за да се види дали некоја партија треба да остане во коалиција и дали сите може да одговорат на целта за реконструкацијата.
-Сакаме владата да биде уште подобра. Реконструкцијата ќе биде успешна доколку има промени на подобро. Сигурен сум дека така и ќе биде-истакна српскиот премиер.
Елена Георгиевска