29-годишен пациент од Кавадарци почина од Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица.

Тројца починати се од Скопје на возраст од 56, 64 и 80 години, две починати лица се од Кавадарци на возраст од 29 и 59 години. По едно починато лице има во Велес на 77 години, Охрид на 72 години и Ресен на 72 години.

Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително седум лица, починати во период од 14-19 декември. Починатите лица се двајца од Пехчево, по еден од Куманово, Охрид, Кавадарци, Свети Николе и Тетово. Починатите лица се на возраст од 42 до 85 години.

Од пријавените, тројца се починати во болнички услови, а четири лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски