(ВИДЕО) Васев: ВМРО-ДПМНЕ пласира различни бројки за вредноста на АД Славија, а вистината е дека токму тие го раскрчмија имотот

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012- 2017 година лежи целата вина за раскрчмување на имотот на АД Славија. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно, со денови сака да ја манипулира јавноста е провиден обид за бегање од одговорноста и нереално префрлање на вина на некој друг“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Дека целосно се загубија во овој неуспешен обид говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат. Прво, според нив Славија вредеше 20 милиони евра, па ја спуштија проценката на 13, па на 9, а денеска е 4 милиони евра.

Во својата произволна математика, не споменуваат ниту дека компанијата е оптоварена со долгови.

Крајно неодговорно. Во периодот од 2012 до 2017 година ВМРО-ДПМНЕ распродала над 70% од имотот на АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку распродала две третини од нејзиниот имот“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата