СДСМ Центар: „Шанса за Центар“ работи против интересите на граѓаните на општината

Од:

На продолжението од првата седница на Советот, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во воведното обраќање појасни дека СДСМ, иако е најбројна советничка група, нема да предложи кандидат за претседател на Советот, информира СДСМ Центар

„Општина Центар е пример и ќе остане пример за демократски начин на функционирање. Иако имаме најголем број на советници во групата, оставам можност на помалите советнички групи да дадат предлози за претседател на Советот. Ве повикувам на овој избор, сите да гласате по сопствено убедување и вашиот глас да го дадете според сопствен избор“, им порача Герасимовски на советниците.

Од предложените двајца кандидати, Марија Среброва од Левица освои 5 од 23 можни гласа, а Јане Димески од „Шанса за Центар“, ја одби кандидатурата, што е доволно јасен показател дека „Шанса за Центар“ одбива да работи во интерес на граѓаните, вели СДСМ Центар.

На продолжението на 3-тата седница на Советот на Општина Центар, советниците со 20 гласа „за“ го донесоа Буџетот на општината за 2022-ра година, единствено советниците на „Шанса за Центар“ не ја дадоа својата поддршка, додаваат од СДСМ Центар.

„Со недавањето на поддршката за Буџетот на општината, „Шанса за Центар“ освен што одби да работи во интерес на граѓаните, одби да гласа за субвенции за жителите, одби да поддржи подобар и похуман живот во општината, одби да даде поддршка на социјалните политики кои ги води општината и не ја поддржа реализацијата на сите останати општински активности и политики. Со недавањето на денешната поддршка на гласањето на Буџетот, „Шанса за Центар“ свесно одлучи да ја блокира работата на општината.

Ги повикуваме советниците од „Шанса за Центар“, наместо празни обвинувања и паушални критики, изнесени пред сѐ на социјалните мрежи, да се вклучат во работата на советот со конструктивни и издржани предлози и проекти.

Апелираме, наместо да го трошат времето на обвинувања кон градоначалникот и советничката група на СДСМ, да ги засукаат ракавите и со конкретни решенија да бидат дел од Советот на општината, сѐ со цел да ја направиме Општина Центар подобро и поубаво место за сите нас“, соопштува СДСМ Центар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски