По спроведена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија од страна на МВР вчера санкционирани се 271 возач за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што информираат од Министерството, четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.