Последните испитувања што ги извршија екипи од кумановскиот Центар за јавно здравје укажуваат дека нема присуство на бактерија во минералната вода во Проевце како што беше случај во истиот период,минатата година.
Стручните екипи зеле примероци за испитување од сите осум чешми, а резултатите од испитувањата покажуваат дека нема бактерија во ниту една од чешмите.
– Граѓаните слободно може да ја користат водата од чешмите од Проевце,но исто како и секој друг напиток од една до две чаши на ден,бидејќи самата вода содржи минерали и не претставува замена за обичната вода за пиење.Особено треба да се избегнува децата да ја конзумираат оваа вода, вели доктор Мимоза Поповска, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје.
Пред една година во една од чешмите беше откриена бактерија псеудомона аеругеноза. Прв пат оваа бактерија стручните лица од кумановскиот Центар ја открија во август, лани.