СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ распродаде 70% од Славија, а денес ја лаже и манипулира јавноста

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да шири лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија мислејќи дека на тој начин ќе ја заташкаат вистината дека во периодот 2012 – 2017 година имотот на компанијата се рапродавал на парче со тајни зделки“, соопштува СДСМ.

„Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали, некогашни маркети низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е потоната во долгови, кон доверители и кон поранешни вработени.

Наместо да пласираат тешки дезинформации од Белата палата, треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на нивното12-годишно владеење не успеале да го решат проблемот со АД Славија, туку распродале 70% од нејзиниот имот.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски постојано работи на штета на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он