Германија, Грција и Австрија со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Од:

Македонија не се смета повеќе за „ковид ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија.

Сепак, како што посочува Министерството за надворешни работи, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.

– Со најновата одлука на Република Грција, сите патници над петгодишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа), наведуваат од МНР.

Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од шест месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски