Пратениците во Парламентот на Гана физички се пресметаа додека дебатираа за Предлог-законот за данок на електронските трансакции.
Данокот од 1,75 отсто, кој би вклучувал давачки за електронските плаќања, наиде на силен отпор од опозицијата откако првпат беше предложен минатиот месец и го запре усвојувањето на националниот буџет.
Физичката пресметка помеѓу пратениците почна кога заменик-претседателот на парламентот Џозеф Осеи-Овусу предложи за данокот да се дискутира и гласа по забрзана итна процедура.
Министерот за финансии Кен Офори-Арта тврди дека новата давачка ќе ја прошири даночната мрежа и ќе собере дополнителни 1,15 милијарди долари во 2022 година.
Сепак, неговиот предлог наиде на негодување и потсмев во Парламентот кога првпат беше објавен.
Поддржувачите на предложениот даночен закон тврдат дека тој несразмерно ќе ги погоди луѓето со пониски приходи и оние надвор од формалниот банкарски систем, кои во голема мера се потпираат на трансфери на пари преку мобилен телефон.