Вкупно 243 санкции за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 243 возачи.

Од 243 санкции за брзо возење, шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 150 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он