ИЈЗ: Минатата недела за 8 отсто помалку заразени од Ковид-19

Од:

Намалување од осум отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 13 до 19 декември од Ковид-19 заболеле 1.922 лица. Тестирани се 19.943 лица, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4 отсто, а просечно 9,6.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани е намалување на заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8%). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5%).

Според полот, 52,8 отсто од заболените се жени, а 47,2 машки.

Пријавени се 66 смртни случаи, најмногу во Скопје (19) и од возрасната група над 60 години (80,3%).

Активни на Ковид-19 се 5.376 лица лица, хоспитализирани се 347 што е за 18,7% помалку од претходната недела, од кои 243 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата седмица се евидентирани и 1.963 оздравени лица.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции. Заклучно со 19 декември вкупно се пријавени 1.013 реинфекции, што е 0,46 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 221.411 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски