СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со тајни зделки распродала над 70% од имотот на АД Славија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ шири тешки и перфидни лаги од Белиот дворец. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и ракрчми имотот на АД Славија. Токму ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2012 – 2017 со тајни и заткулисни зделки распродала над 70% од имотот на АД Славија“, соопшти СДСМ.

„Проценката направена во 2012 година говори дека компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра.

Компанијата и државата се оштетени со ваквата тајна продажба, бидејќи по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се во сопственост на приватни компании.

Наместо да пласираат лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он