СДСМ: Со стопирањето на изградбата на мостот генерал Михајло Апостолски, Арсовска нанесува штета на скопјани и Скопје

Од:

„Градоначалничката Данела Арсовска од само за неа познати причини, на штета на скопјани, решава да ја запре изградбата на мостот генерал Михајло Апостолски, капитален проект кој го намалува сообрќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и Гази Баба. Мостот е особено значаен за граѓаните на Аеродром и Гази Баба, со олеснување на движењето се намалува сообраќајот, а тоа директно влијае и на намалување на загадувањето“, соопшти СДСМ.

„Данела Арсовска од самиот почеток на нејзиниот мандат покажува несериозно, неодговорно и нечесно однесување кон граѓаните на Скопје. Нема оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а тие покажаа дека освен што поништуваат и стопираат капитални и важни проекти немаат намера да сработат ништо.

Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи, разрешуваат директори и стопираат проекти.

Скопјани не заслужуваат градоначалничка која не работи за Скопје, градоначалничка која наместо да вложува во развој, прави се за да го спречи напредокот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он