Богата предновогодишна културна програма во Крива Паланка

Од:

Со музички, сценски и забавни активности за сите генерации, локалната самоуправа на Општина Крива Паланка годинава ќе ја организира досега најбогатата предновогодишна културна програма.

Програмата која ќе биде надополнета и со новогодишен базар ќе се реализира на централниот градски плоштад, а ќе трае од 27 до 31 декември.

-Во духот на празнувањата и новогодишната магија што ги развеселува граѓаните и ќе ги оттргне од секојдневието, особено во периодот на пандемија, што сите нѐ оптоварува, годинава во нашиот град ќе се реализира „Кривопаланечки новогодишен базар”. Програмата е распоредена во пет дена, во кои е предвидена забава и музика, веселба и атмосфера за расположение на сите генерации. Во деновите што претстојат моите сограѓани ќе ги забавуваат едни од најдобрите домашни и регионални ѕвезди, меѓу кои: Владо Јаневски, Нокаут, Елена Велевска, „ЈУ фор ју”, Слаткар, дуото Александар и Дац и многу други, а добредојдени се сите љубители на добра музика и забава од регионот и државата, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

За забавување на најмладите ќе бидат задолжени „Златните славејчиња” и „Распеаните симитчиња”, а дополнително ќе бидат ангажирани кловнови и жонглери.

Митовски посочи дека сите активности ќе се реализираат согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он