Унгарија ќе стави вето врз можни санкции на ЕУ за Милорад Додик, вели Сијарто

Од:

Унгарија ќе стави вето доколку ЕУ предложи санкции врз членот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, бидејќи сметаме дека воведување санкции кон Западен Балкан не е правилен чекор, порача денеска од Скопје шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Доколку спрема Додик се воведуваат некои санкции ние ќе ставиме вето, бидејќи сметаме дека воведување санкции кон Западен Балкан не е правилен чекор и сметаме дека тие што се закануваат со санкции кон водачите на Србите од БиХ би било поупатно да седнат со него и лично да поразговараат, пред да се поднесуваат предлози за санкции, рече Сијарто.

Унгарскиот министер додаде дека во врска со прашања од Западен Балкан треба да разговараме со претставниците од Западен Балкан, а не за Западен Балкан.

– И затоа секој кој се заканува со санкции подобро да оди во Бања Лука или во Сараево и да седне да се консултира со лицата кои се засегнати, додаде Сијарто.

Германската Влада минатата недела ја повика Европската Унија да воведе санкции за членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, наведувајќи дека за Германија се неприфатливи обидите на Додик да ја одвои Република Српска од вооружените сили на БиХ, судството и даночниот систем.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд