До средина на јануари, Македонија ќе има нова Влада

Од:

Најдоцна до средината на јануари, Македонија треба да има нова Влада. Оставката на премиерот Зоран Заев и министрите ќе биде депонирана во среда, по што, ќе треба да се изберат нови кадри. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека се ќе биде завршено во уставните рокови.

„Најдоцна до средината на јануари. Во почетокот од јануари нема состанување на Собранието поради верските и новогодишните празници. Во рамки на уставните рокови, очекувам тоа да заврши кон средина на јануари“, кажа Османи.

Прашан дали сака да остане министер за надворешни работи, тој не одговори конкретно. Но посочи дека Министерството треба да продолжи со остварување на уште поголеми успеси.

„Мислам дека во овој процес работевме многу во изминатата година. Министерството за надворешни работи постигна големи успеси. Надворешната политика има и други приоритети освен ЕУ. Но се разбира, има напредок и во разговорите. Сметам дека треба да се продолжи во таа насока“, кажа Османи прашан дали сака да остане на функцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски