Во Батинци уапсен криминалец баран за убиство, скокнал од втор кат бегајќи од полицијата

Од:

Полицијата попладнево соопшти дека е приведен 21-годишниот Муса Џавид од Батинци, баран за убиство. Тој е осомничен дека пред еден месец избоде момче во Студеничани.

– По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со повеќе тимови од Интервентната полиција направиле опсада на Батинци и го уапсиле криминалецот, иако се обидел да бега, скокајќи од втор кат на куќа, информира полицијата.

Покрај него, приведен е и Р.Р (24) од Батинци. Кај Џавид е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми.

Неодамна, полицијата уапси уште еден криминалец од ова село познат како Мали Репки, кој бил ортак на Муса.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес