Приведени две лица од Скопје за криумчарење мигранти

Од:

Приведени две лица од Скопје кои вчеравечер превезувале мигранти на автопатот Табановце – Куманово.

Како што соопшти МВР, вчера во 22:10 часот на ул.„11 Октомври“ во Куманово и во 22:20 часот во село Никуштак, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Полициското одделение Матејче ги лишиле од слобода Ш.Б.(36) од село Сингелиќ, скопско и Г.Ј.(46) од Скопје.

Околу 22 часот на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници го забележале Ш.Б. како со возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти. Истовремено, на истата локација бил забележан и Г.Ј., како со возило „рено флуенс“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти.

Двајцата не застанале на даден знак за запирање, но во 22:10 часот Ш.Б. бил сопрен и во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Индија, додека во 22:20 часот во село Љубодраг, кумановско, биле пронајдени уште пет лица – мигранти, кои од возилото ги симнал Г.Ј.. Малку подоцна во село Никуштак, Г.Ј. бил запрен и лишен од слобода.

Возилата биле одземени, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар. По целосно документирање на случајот, додава МВР, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок