Рекорден број новозаразени во Австралија за 24 часа од почетокот на пандемијата

Од:

Австралија денеска има рекорден број нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Најмногу новозаразени има во најгусто населените држави Нов Јужен Велс со 2.482, Викторија со 1.504 и Квинсленд со 31. Со овие податоци се надмонува бројката од 3.820 нови случаи во 24 часа што беше претходен рекорд на државата.

Сепак премиерот Скот Морисон велии дека фокусот треба да биде на лицата кои се на интензивна нега и на респиратори, а не на вкупната бројка новозарзени.

Австралија почна да ги олабавува мерките за заштита, а новите бројки нема да ја променат таа стратегија. Премиерот Морисон вели дека земјата се навикнува да живее со вирусот.

Со последното олабавување на мерките, сите меѓунардони патници кои пристигнуваат во Сиднеј и во Мелбурн нема да мора да одат во 72-часовен карантин. Сепак во рок од 24 часа мора да направат ПЦР тест и да се изолираат ако тестот е позитивен.

Австралија ги затвори границите набрзо откако во 2020 година беше прогласена пандемијата и поради тоа бројот на новозаразени го задржа на реалтивно ниско ниво.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Скандалот во Австралија се шири: Повеќе од 800 луѓе добиле погрешни резултати од тест за корона